Под мотото “Да ја чуваме животната средина, а особено зелените површини на нашите училишта” во Јануари оваa година сезонските работници на Општина Чаир го исчистија дворот и паркот на основното училиште “Адем Јашари”.
На барање на жителите и посетителите на овој парк во Чаир, каде што во летната сезона паркот на ова училиште е најпосетен, Општина Чаир повторно ангажираше сезонски работници и инспектори за одржување на зелените површини, конкретно чистење и регулирање на зелените површини во овој рекреативен парк.
Денеска, десетици вреќи со отпад, главно пакување на храна и пијалаци, и друг вид на отпад, беа отстранети од училишниот двор на О.У “Адем Јашари”. Разликата е веќе видлива и училишниот двор сега има сосема поинаков изглед.
Во оваа прилика, Општина Чаир ги повикува жителите, посетителите, родителите и училишните раководители да се грижат повеќе во иднина со цел да имаат поповолна животна средина.