Во соработка со Ј.П ”Пркови и зеленило – Скопје” на раскрсницата помеѓу улица “Втора македонска бригада“ и улицата “Лазо Трповски“, каде што пред извесен период извршивме реконструкција на тревна површина, е поставен нов видиковец и нови детски реквизити.
Исто така на булеварот “Христијан Тодоровски Карпош“, освен нов видиковец поставена е и нова дрвена ограда долга 20 м, која има цел да го заштити паркот од моторните возила.
Овие парковски елементи, кои не само што имаат практична намена туку и ги разубавуваат зелените површини во градот, ги изработија екипите од секторот “Вонградско зеленило“ на Ј.П ”Паркови и зеленило – Скопје”.