Комисијата за односи помеѓу заедниците на Општина Чаир активно ќе придонесува кон решавање на проблемите и потребите на претставниците на етничките заедници во нашата општина.

За полесна и подобра комуникација, членовите на Комисијата секој прв понеделник во месецот, во период од 13.00-15.00 часот во просториите на општината ќе организираат Отворени денови со граѓаните.

Членови на Комисијата за односи помеѓу заедниците од општина Чаир се:

• Танер Хаџимустафа
• Селма Ризванович-Мандал
• Аздријан Мемедов
• Ниметула Ќазими
• Љубомир Божиновски

Ве очекуваме!