Општина Чаир, ЈП “Комунална Хигиена“ и ЈП “Паркови и зеленило“ со масовна акција за чистење по повод празникот Курбан Бајрам и почетокот на новата учебна година

По трет пат Општина Чаир, Јавното претпријатие “Комунална хигиена“ и Јавното претпријатие “Паркови и зеленило“ се мобилизираат за подигнување на нивото на јавна чистота на територијата на Општина Чаир, овој пат по повод празникот Курбан Бајрам и почетокот на новата учебна година.

Денес, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со директорот на ЈП “Комунална Хигиена“ Абдусамед Шабани и претставници од ЈП “Паркови и зеленило“ извршија непосреден надзор над работата на 60 работници на ЈП “Комунална хигиена“, 50 работници на ЈП “Паркови и зеленило“ и 40 ангажирани работници на Општина Чаир кои веќе од Четврток (16.08.2018) секој ден со потребната механизација за чистење се гледаат низ улиците на Чаир. Акцијата ќе трае до Понеделник (20.08.2018).

Оваа акција има за цел пред се чистење на критичните точки каде се создаваат депонии со отпад како што се: Теќето во населба Дуќанџик, Куршумли Хан, поранешниот простор на Комуналната Хигиена, населба Топаана, просторот блиску до О.У. “Конгреси и Манастирит“, како и депониите во Старата Скопска Чаршија и на улицата наречена како Пластичаска улица. Истотака институциите апелираат до сите физички и правни лица да не ја загадуваат животната средина бидејќи по мониторингот што ќе го направат еко патролите ќе се изрекуваат и ригорозни казни.