Општина Чаир денес реализира значаен чекор кон подобрување на условите во општинските основни училишта. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари работна посета во Основното училиште „Лирија“, каде што беше пречекан од директорката на училиштето, г-ѓа Теута Идризи, по повод пристигнувањето на новиот инвентар.
Основното училиште „Лирија“ беше опремено со 200 модерни клупи и 400 ергономски столчиња, обезбедени од компанијата „Ефтинија Импекс“. Со иста поддршка беше опремено и Основното училиште „Хасан Приштина“. Во двете училишта ќе бидат уредени по шест наставни кабинети со новиот инвентар, со што ќе се создадат поквалитетни и покомфорни услови за учениците и наставниот процес.
Овој придонес беше реализиран во рамките на ноемвриските активности, меѓу кои и Денот на Албанската Азбука.
Ова е само почеток.
Општина Чаир ќе продолжи со опремување на другите општински училишта со нов инвентар, со цел подигнување на стандардите на образовната инфраструктура и унапредување на квалитетот на наставниот процес.