Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу помеѓу истакнати личности на уметностa на орото, го прогласи за отворено 12-тото издание на Меѓународниот Фолклорен Фестивал “Скупи“ организиран од страна на Ансамблот на Песните и Орото “Каршиака“.

Најдобрите амбасадори на културата на еден народ од различни држави на светот како: Мексико, Аргентина, Турција, Бугарија, Северен Кипар, Украина, Косово и Албанија од денес и во текот на следните денови ќе го оживеат Скопје.

Во неговиот говор Градоначалникот Ганиу меѓу другото истакна: “Преку универзалниот јазик на орото Меѓународниот Фестивал “Скупи“ рефлектира повеќе од било што друго мир помеѓу народите, ги искоренува баналните предрасуди и прави да сфатиме дека убавото ги крши границите на монотонијата. Посакувам фестивалот да биде вечен за да одржи запален пламенот на пријателството!”