Во продолжение на заедничките активности со екипите на ЈП “Паркови и зеленило“ – Скопје, за подобрување и уредување на јавните зелени површини во Општина Чаир, денес Градоначалникот на Општина Чаир г. Висар Ганиу заедно со директорот на ЈП “Паркови и зеленило“ – Скопје г. Ардијан Муча и заменик премиерот на Македонија г. Бујар Османи, го промовираа “Паркот на радоста”, како една нова зелена површина на територијата на Општина Чаир.

Ова е еден сегмент од планираните заеднички проекти со ЈП „Паркови и зеленило“ за уредување и реконструкција на јавните зелени површини низ општината.

Само со заеднички институционален придонес Чаир ќе биде секој ден почист и поубав.