Денеска официјално беше пуштен во употреба Спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, современа инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, која веќе е ставена во служба на граѓаните, спортистите и младите од Општина Чаир.

На свеченото отворање, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со министри, државни функционери и претставници на институции, го оценија овој проект како инвестиција од особено значење за развојот на спортот и создавање поквалитетни услови за младите генерации.

„Оваа инвестиција не е само спортски објект, туку важен чекор кон создавање современи услови за развој на спортот и рекреацијата во нашата општина. Нашите млади заслужуваат достоинствени простори и современи стандарди,“ изјави Меџити.

Спортскиот базен е изграден според современи стандарди и ќе служи за учење пливање, спортски активности и тренинзи на спортски клубови, создавајќи функционален и безбеден простор.