Општина Чаир обезбеди финансиска поддршка во вредност од 1.372.571 денари од Бирото за регионален развој, во рамки на Програмата за урбан развој и одржлив урбан развој за 2026 година, со што стана единствена општина од урбаните општини на Скопје која доби поддршка во рамки на овој повик.
Одобрените средства ќе бидат искористени за поставување подземни контејнери за комунален отпад на улицата „Методија Митевски“, проект кој има за цел унапредување на јавната хигиена и подобрување на комуналната инфраструктура согласно современите еколошки стандарди.
