Општина Чаир застапена од Блерим Сулејмани – Советник во Секторот за финансии на Општина Чаир, денес учествуваше на Тркалезната маса организирана од страна на Министерството за локална самоуправа, како координатор на Меѓуресорската група, на тема:

„Предизвици и дилеми во системот на финансирање на надлежностите на општините“ – Редефинирање на начинот и утврдување на критериумите за наменски и блок дотации за општините.

Цел на оваа Тркалезна маса е реализација на начинот и критериумите за распределба на наменските и блок дотациите врз основа на претходна детална анализа на состојбите со распределбата на дотациите, како и во согласност со проекциите произлезени од утврдениот најсоодветен нов модел за финансирање на пренесените надлежности на општините во Република Македонија.