По повод одбележувањето на 28 Ноември – Празникот на Албанското Национално Знаме, основното училиште “Адем Јашари“ во соработка со Општина Чаир организираше културно уметничка програма посветена на денот на училиштето и Денот на нашето национално знаме каде учествуваа носители на јавни функции, дејци на нашето национално прашање како и многу други гости.
На крај на оваа манифестација се прикажа и еден документарен филм кај што се прикажа животот и делото на директорот на ОУ “Адем Јашари“, г-дин Халил Палоши.