Општина Чаир во соработка со УНДП во рамките на проектот “Зајакнување на капацитетите на општинските совети”, донација на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), ја одржа својата прва сесија на форумот на заедниците.
На сесијата присуствуваа граѓани од општината кои ги дефинираа приоритетните области за финансирање на проекти. Како клучна област се утврди “Социјалната заштита и инклузија на лицата со посебни потреби”.
Главните предлози од граѓаните на Форумот беа:
– вклучувањето на децата со посебни потреби во редовното образование;
– градење на капацитетите на наставниот кадар за работа со деца со посебни потреби;
– уредување на инфраструктурата на образовните институции; и
– заштита на децата со посебни потреби.