Center for Common Ground доби грант од Британската Амбасада и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје за спроведување на проектот наречен “Јакнење на издржливоста на локалните заедници против насилниот екстремизам во Македонија“, со времетраење од 15 Октомври 2018 до 15 Октомври 2020 година.

Проектот има за цел да ја поддржи националната стратегија и акциониот план зајакнувајќи ја соработката помеѓу локалните актери вклучувајќи граѓански, верски и младински лидери со локалните / централните власти за прашањата кои се однесуваат на Борбата против Насилниот Екстремизам преку формирање на Тимови за Делување во Заедницата (ТДЗ) во рамките на трите пилот општини – Чаир, Гостивар и Кичево.