Успесите на нашите спортисти во меѓународна сцена се нашите најдобри амбасадори а ова најдобро се потврдува со достигнувањата на истакнатиот спортист и повеќекратен светски шампион на кик-бокс, Мирди Лимани.

Во придружба на екс боксерот а сега истакнатиот боксерски тренер на боксерскиот клуб “Шкупи“ од Чаир, г-дин Насер Харуни, денес Градоначалникот на Општина Чаир г-дин Висар Ганиу го дочека Мирди Лимани со кој разговараа за развојот на спортот воопшто во нашата општина, а особено за стимулација на младите од нашата општина да се занимаваат со спортските вештини бокс и кик-бокс.

По повод сите негови достигнувања и прогласувањето 7 пати светски шампион во 4 верзии од кик-бокс, во име на Општина Чаир, Градоначалникот Ганиу на Мирди Лимани му додели признание, посакувајќи оваа година нашиот истакнат боксер Хаџи Красниќи да стане светски шампион.