Градоначалникот на Општина Чаир г-дин Висар Ганиу аедно со комanдирот на полициската станица Бит-Пазар, г-дин Енвер Селами, денес во Општина Чаир го пречекаа на работна средба Заменик Министерот за Внатрешни Работи, г-дин Агим Нухиу.
Во текот на разговорот со Заменик Министерот Нухиу разгледаа многу прашања кои се поврзуваат со безбедноста во Општина Чаир. Истотака дискутираа и за понатамошните чекори и важноста на соработката на централната со локалната власт, обезбедување на подобри услови на граѓаните и координирано обновување на безбедноста на локално и централно ниво, зајакнување на мерките во патните коловози како и други работи кои се барања на гаѓаните на Чаир.
Во знак на почит, на заменик министерот Нухиу во име на Општина Чаир, Градоначалникот Ганиу му додели плакета на Мајка Тереза која ја симболизира хуманоста а истотака се поврзува и со мисијата на Министерството за Внатрешни Работи.