Во работната агенда на Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, соработката со центрите кои овозможуваат унифицирање на предизвиците на општините за пропорционален локален развој и ги собираат на заеднички работни состаноци градоначалниците на општините се од огромно значење.

Toj денес реализираше важен работен состанок со раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Мицковски- Kец и со Советникот за административно-технички работи при овој центар г-ѓа Ирина Тростјанска. Заедно разгледаа повеќе актуелни прашања во врска со стратегијата за подготовка и реализација на нови проекти за 2019-та година, приоритет за Општина Чаир и сите други општини.

Центарот за развој на Скопски плански регион со нејзиното функционирање несомнено ја зајакнува повеќе од потребната соработка помеѓу единиците на локалната самоуправа за да тој процес влијае врз реализирање на иницијативи за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.