Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу оствари денес работна средба со Амбасадорот на државата Тајван во Република Италија г-дин Andrea S. Y. Lee и г-ѓа Melanie Fang-Yin Kuo – шеф на кабинет на амбасадорот.

Во врска со ова, Градоначалникот Ганиу изјави, “Средбите со амбасадорите на многу други држави секогаш се обидувам да ги искористам во максимум за остварување на придобивки од нивното развојно искуство создавајќи врски за соработка кои ќе ги прошират капацитетите за подобро функционирање на нашата општина.

Внимателно ја разгледавме можноста за привлекување на донации во иднина, со приоритет за подобрување на инфраструктурата на школските објекти и пристап на современата ИТ технологија како потребен механизам за поквалитетно образование. Изразувам благодарност и ја ценам заинтересираноста на Амбасадорот Lee да помогне во развојот на нашата општина.“