Форумот на Отпорноста на Западниот Балкан против насилниот екстремизам организиран од страна на познатата меѓународна организација IRI, повторно ги соедини државите на Западниот Балкан овој пат во Софија, Република Бугарија за да се зајакне нивната соработката во соочувањето со насилниот екстремизам. Активностите на овој форум ги следеше Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со Ардиан Исмаили и професорот Бурим Латифи.
Несомнено важен дел на оваа глобална мрежа на соработка, се и единиците на локалната самоуправа кои со министерствата за внатрешни работи и организациите на граѓанскиот сектор ја создаваат потребната силна интеракција за спречување на деструктивните последици на насилниот екстремизам.
Општина Чаир досега имаше контруктивен пристап во реализацијата на многу проекти и соработки за спречување на насилниот екстремизам и со оваа дејност ќе продолжи и понатаму.