На 33-тата седница на Советот на Општина Чаир со мнозинство гласови од присутните советници се усвои Буџетот на Општината за календарската година 2020.

Неговата детална содржина ќе биде објавена на официјалната web страна на Општина Чаир – cair.gov.mk, веднаш по објавување на одлуката за неговото усвојување во Службениот Гласник на Општина Чаир.