Градоначалникот на Општина Чаир беше дел од делегацијата на Заедницата на Единиците на Локалната Самоуправа на онлајн конференцијата со претставниците на Советот на Европа, во текот на која се разговараше за околностите на функционирање на единиците на локалната самоуправа, процесот на децентрализација, меѓуопштинската соработка и развојната перспектива на општините во нашата земја.
Ваквите средби секако допринесуваат за прицврстување на капацитетите на нашето функционирање во служба на граѓаните.