Уште една испружена рака за семејствата во потреба ни пристигна од познатата организација FriendCircle World Help од Германија, претставниците на која ги пречека Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу за да ја прими донацијата од 100 пакети со прехрамбени производи и заедно да ја реализираат нивната распределба таму каде за тоа има највеќе потреба.
Ганиу им се заблагодари на членовите на организацијата за хуманитарните мисии кои ги реализираат, во агендата на кои го опфатија и Чаир.