Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу ја пречека на работен состанок, амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја г-ѓа Рејчел Галовеј. Градоначалникот Ганиу и ги претстави на амбасадорката досегашните реализирани проекти, стратешкиот фокус на Општина Чаир во наредниот период, предизвиците на функционирањето и преземените мерки за сензибилизација на јавноста и подигнување на нивото на заштита на граѓаните во периодот на соочување со пандемијата на вирусот Covid 19.
Тој, истотака и се заблагодари на амбасадорката Галовеј и на Британската Амбасада за постојаната поддршка во насока на реализација на многу проекти во служба на општото добро, посебно на проектите за спречување на насилниот екстремизам. Амбасадорката Галовеј му се заблагодари на градоначалникот Ганиу за пречекот и го изрази контруктивниот пристап на Обединетото Кралство во насока на зајакнување посебно на локалните капацитети за поголема развојна перспектива.
По средбата, градоначалникот Ганиу и амбасадорката Галовеј ја проследија презентацијата на реализираните активности на Акцискиот Тим во Заедницата на Општина Чаир, проект имплементиран од страна на организацијата Centre for Common Ground и поддржан од страна на Амбасадата на Обединетото Кралство.