Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу го пречека денес на работна средба г-дин Гзим Хајдинага, актуелно директор на Туристичката Организација на Улцин, поранешен министер за националните малцинства во Владата на Црна Гора и поранешен градоначалник на Улцин.
Неговите пораки да се посети и да не се заборави Улцин одекнаа силно и во медиумите на нашата земја, преку кои им се обрати на граѓаните презентирајќи ги туристичките капацитети на овој убав град со уникатните карактеристики на гостопримство и прекрасните природни пејсажи кои ги има.