Уште над 1 милион евра од денес, Општина Чаир обезбеди за реконструкција на подземната инфраструктура на повеќе улици во населбата Серава.

Реконструкцијата ќе се одвива во два сегмента – реконструкција на постојната водоводна мрежа и реконструкција на канализација и фекални води. Средствата се обезбедени од Владата на Северна Македонија преку алокација на средства од ТАВ. Додека денес ни беа доделени Договорите за овој Пројект.

Со овој проект ќе се изврши Реконструкција на постојната водоводна мрежа на улиците : „Прохор Пчински“, „Стојко Јовановски“,„Лек Дугаѓини“ („Пере Тошев“), „Максуд Садик“, „7 Јули“, во населбата Серава, Саук Чешма 1 и 2; Реконструкција на постојната водоводна мрежа ќе се изврши и на улиците: „Лек Дугаѓини“ (“Пере Тошев“) од страна на улицата „Џон Кенеди“ и на улицата „Клинска Леси“ во населбата Серава. Во меѓувреме, Реконструкцијата на постојната канализација и фекалните води ќе се изврши на улиците: „Лек Дугаѓини“ („Пере Тошев“), „Клинска леси“ и на улицата „Ковачка“ во населбата Серава, како и на улиците ”Ахмет Хајдари“ („Стојна Стевкова“ “),„Рифат Бурџевиќ“ од страната на улицата „Џон Кенеди“ и на улицата „Серава“ во општина Чаир.

Целта на Проектот е подобрување на добросостојбата и на условите за живеење на граѓаните во општина Чаир, a се очекува работите да започнат за еден месец.