Општина Чаир ја зајакнува меѓуинституционалната соработка со Град Скопје, јавното претпријатие “Паркови и зеленило“ и јавното претпријатие “Комунална Хигиена“, со организирање на заеднички акции за чистење со цел поефикасно одржување на јавната чистота. Со вакви иницијативи ќе се продолжи и во иднина за подобрување на актуелната ситуација, но пред се за да се допре до свеста на граѓаните, чиј што придонес е неопходен за Чаир да биде чист секој ден. Ако ја сакате природата, ако ја сакате чистата околина, помогнете да чистиме заедно. Да ја сакаш природата само со зборови и протести не е доволно. Тој што ја сака, ја сака со работа! 2018 година треба да биде година на почист Чаир!