Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу додели денес подароци за првото новороденче во Гинеколошката Болница “Мајка Тереза“ за семејството Тодоровски и нивниот син Давид. По овој повод, Градоначалникот на Општината се изјасни: “Многу среќен што станав дел од радоста на семејството Тодоровски по повод раѓањето на нивниот син – Давид во првите моменти на 2018 година. Наша обврска е и грижата за најмалите граѓани за нивните успешни први чекори во животот. На мајката Василка и на семејството Тодоровски покрај подароците за првото новороденче во Гинеколошката Болница “Мајка Тереза“ во Чаир им посакав многу радосни моменти во животот, а на малиот Давид многу здравје и радосно детство. Голема благодарност и до медицинскиот персонал на болницата кои со голема посветеност за извршуваат нивната мисија“.