Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска имаше средба со заменик министерот за транспорт и врски, г. Беким Реџепи, кој го информирал дека Општина Чаир, врз основа на апликацијата до Министерството за транспорт за средства наменети од Светска банка, го добила проектот за целосна реконструкција на улицата „Парашќеви Ќеријази“ (поранешен Архиепископ Доситеј) со нејзините кракови. Како што објасни заменик-министерот Реџепи, почетокот на проектот во овој дел од Стариот Чаир ќе започне по завршување на набавката.
– Помошта од Министерството за транспорт и врски нема да застане тука бидејќи како што ме информираше г. Реџепи, следната фаза од проектот предвидува реконструкција на улицата „Серава“. Го потсетив домаќинот дека ваквите инвестиции во нашата општина се исклучително важни бидејќи директно влијаат на подобрување на благосостојбата на граѓаните, што е толку важно за нас. Воедно, на заменик министерот за транспорт и врски, г. Беким Реџепи му се заблагодарив за неговиот придонес во подобрувањето на блогосостојбата на жителите на Чаира преку различни инфраструктурни проекти, изјави Ганиу.