ЖЕНАТА СТОЛБ НА ОПШТЕСТВОТО, беше тема на изложбата што денеска беше отворена во општина Чаир, а ја подготвија ученици од различни возрасти од основните училишта, како и деца од општинските градинки. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, изложбата ја следеше заедно со пратеничката Мерита Коџаџику и директорките на образовните институции на општина Чаир и во оваа прилика истакна дека е многу важно примерот за тоа колку силна е улогата на жената во општеството треба да се даде од рана возраст, имено од градинки и основни училишта.