Непосредно пред почетокот на натпреварот помеѓу ФК ШКУПИ и ФК БАЛКАНИ, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу престојуваше во прекрасната Сухарекa на Република Косово, каде на градоначалникот на општина Бали Мухаремај му го подари официјалниот дрес на ФК ШКУПИ кој го носи неговото име.
“Во Сухарека, која е и „родното место“ на ФК Балкани, наидов на искрен и братски пречек. Додека, заедно со мојот домаќин Мухаремај, меѓу другото разговаравме и за продлабочувањето на меѓусебната соработка помеѓу Чаир и Сухарека, потребата од размена на идеи меѓу нашите две институции од локалната самоуправа, како и за искуствата кои позитивно ќе се одразат на добробитта на жителите од двете страни на границата”, изјави Ганиу.
Двајцата се договориле да одржуваат почести средби и меѓу општинските тимови.
Додека им посакаа успех на екипите ФК Шкупи од Чаир и ФК Балкани од Сухарека во натпреварот што ги очекува вечерва во Приштина.