За поздравување и заслужува благодарност хуманитарната подготвеност на оние кои со нивната помош им излегуваат во пресрет на граѓаните кои за тоа имаат потреба, посебно во овој период кога се соочуваме со социо-економските последици предизвикани од пандемијата на вирусот Covid 19.
Овој пат беше познатата компанија Comodita Home која донираше 30 душеци, со кои заедно го менаџиравме процесот на распределување на оваа хуманитарна помош. Градоначалникот Ганиу ја изрази неговата голема благодарност за хуманитарниот гест на компанијата! Да останеме заедно во овие тешки моменти секогаш подготвени да помогнеме таму каде за тоа има потреба!