И З В Е С Т У В А Њ Е
Почитувани граѓани,
По повод Светскиот ден на чистењето – 21 Септември, ЈП „Комунална хигиена“- Скопје организираат масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини. Во рамките на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, коишто промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.
Воедно, во периодот од 21.09. до 24.09.2019 година, во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во коишто граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад – стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема.
Садовите за одлагање кабаст отпад во Општина Чаир ќе бидат поставени на следните локации:
– раскрсницата меѓу булеварот Цветан Димов и улицата Коста Абрашевиќ
– раскрсницата меѓу улиците Џон Кенеди и Дижонска
– ул. Ресенска, до ресторанот Фа-Фа