Безистен – Првото и најстарото јадро на Скопската чаршија, како што е тоа воопшто случај кај чаршиите од ориентален тип, било околу Безистенот. Безистенот, во слободно толкување, е трговски центар кој се состои од цврсто изградени дуќани, меѓусебно разделени со улички и сокачиња, кој бил покриен и навечер се затворал за посетители. Подигнат е во 15 век од страна на Исхак-бег. Тоа е прв објект во ССЧ. Подоцна околу него се создавал сплет од дуќанчиња, улици, анови, со однапред одреден распоред на занаети, формирајќи ја така чаршијата.

Безистен претставува типична ориентална градба со функција на трговски центар, со четири влеза кои ноќно време се затворале, опкружен со ѕидови со дебелина од 2,6 метри. Во него се сместени мноштво 12 поединечни дуќани каде, пред с(, се продавале скапи текстилни материјали како свила, кадифе и чоја. Припаѓал на вакафот на Исхак бег.