Во Општина Чаир денес се одржа комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи, еден од најпрепознатливите гласови на албанската музичка сцена. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ги пречека семејството, уметниците и присутните гости, изразувајќи институционална почит кон ликот и творештвото на уметникот.
На комеморацијата присуствуваа членови на семејството, уметници од целокупните албански простори, пријатели, соработници и љубители на уметноста. Со пригодни обраќања беше нагласена улогата на Шпат Касапи во албанската музика, неговото влијание врз публиката и трагот што го остави во современата култура. Беше истакнато дека неговото дело останува незаменливо и ќе продолжи да живее во колективната меморија.
За граѓаните и уметничката заедница, книгата за сочувство е поставена во просториите на Општина Чаир и ќе биде отворена до петок, овозможувајќи им на присутните да ги остават своите пораки на сочувство.
Општина Чаир изразува искрено сочувство до семејството Касапи и до сите што го ценеле и го сакале уметникот.
