Поаѓајќи од фактот дека и покрај тоа што општина Чаир нема законска обврска да обезбеди образование за учениците кои немаат училишта на мајчин јазик во нивните населби, сепак како морална обврска не оставивме ниту едно дете без школување. На овој начин во нашите училишта учат близу 500 ученици од многу други општини, а ние како општина Чаир превозот на сите овие деца го плаќаме со сопствени финансиски средства.
Над 6 милиони денари за една година плаќаме за школувањето на овие ученици, поточно за нивниот превоз.
За ваквата состојба навреме се известени сите надлежни државни институции и побаравме зголемување на блок дотациите, но одговор досега не добивме.
А под притисок на актуелната економска, конкретно енергетската криза, ние како општина Чаир веќе не сме во можност да обезбедиме финансиско покривање за превозот на овие ученици бидејќи токму овие 6 милиони денари за секоја година што ги плаќаме ја продлабочија состојбата со долговите што ги имаме кон другите оператори.
Последнава недела бевме под постојан притисок од Јавното сообраќајно претпријатие и со право, кои бараат да платиме за превоз на децата од населба Визбегово, општина Бутел, со која општина пред една година потпишавме договор што го објавивме во сите медиуми и првпат заеднички ги поделивме трошоците за превоз на овие ученици. Но, општина Бутел не се придржи до овој договор и не извршила никаква исплата кон дотичното претпријатие.
Затоа, како резултат на нашите континуирани молби до Јавното сообраќајно претпријатие, тие не го прекинаа превозот, туку кулминацијата е достигната така што од понеделник учениците од населбата Визбегово кои учат во училиштата во Чаир повеќе нема да имаат превоз од страна на Јавното сообраќајно претпријатие.
Во најмала рака барам благодарност од одговорните државни институции за оваа континуирана поддршка што им ја даваме на учениците низ годините заедно со нивниот образовен процес. Овие ученици ќе го продолжат своето образование во училиштата на општина Чаир како и досега, со сите еднакви услови со другите ученици.