Во присуство на најеминентните лекари во земјава од областа на радиологијата, онкологијата и хирургијата и многу почитувани дами, денес како општина Чаир и со здружението Езра се вклучивме во глобалната борба против ракот на дојка.
Непобитен факт е дека треба да зборуваме и да имаме значајно влијание врз колективната свест за опасностите од ракот на дојката повеќе од еден ден, повеќе од еден месец, бидејќи бројот на жени погодени од оваа чума на векот се зголемува на многу брзо темпо.
Лекарски преглед, поддршка, храброст и неоткажување се работите кои треба да им бидат приоритет на оние жени кои се борат со ракот на дојката, оние кои имаат најмало сомневање дека можеби се заболени од рак или оние кои можеби не се ни свесни дека тие достигнале понапредна фаза на рак, или дури може да се во рана фаза.
Да не дозволиме ракот да го каже последниот збор, бидејќи надежта е како сонцето, кое ја фрла сенката на товарот зад нас додека патуваме кон него.
Сите го имаме последниот збор доколку навреме интервенираме!