Чаир го има најубавиот етнички и културен диверзитет што може да постои. Ова го истакна градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу на Панелот организиран вечерва од младите на општина Чаир, со поддршка на Центарот за заедничка основа (CCG) и Амбасадата на Велика Британија, на тема „Мултиетничка и мултикултурна држава“.
-Ова е истовремено и многу убава иницијатива со оглед на фактот што Чаир е меѓу општините со најмлада популација и дека токму овие млади луѓе можат да го зачуваат, промовираат и помогнат мултикултурализмот и мултиетничноста не само во нашата општина, туку и пошироко. Младите секогаш ќе имаат поддршка од општина Чаир и од мене како нејзин градоначалник, за сите иницијативи кои можат позитивно да влијаат на нашето општество, изјави Ганиу.