Започна имплементацијата на Проектот „Чисти и здрави“

81

Општина Чаир заедно со Здружението за регионален развој, Балкан Економик Форум (БЕФ) започна со имплементација на Проектот „Чисти и здрави“.  Реализацијата на овој проект се остварува благодарение на Цивика Мобилитас, кои во рамки на повикот за акциски грант ја дадоа довербата токму на БЕФ и реализацијата на проект од еколошко значење.

Главна цел на овој проект е развивање на свеста за чиста животна средина кај најмладата популација преку градење на вредносен систем за формирање на идни еко-свесни генерации. Акциите се насочени кон едукација на најмладата и најранлива категорија од општина Чаир – децата од предучилишна возраст за животната средина, навиките за чиста околина како и развивање на свест за еколошки одговорно однесување. Општината дава целосна подршка во реализација на сите предвидени активности во рамки на проектот и ја поздравува заложбата на БЕФ и Цивика Мобилитас за реализација на проект од ваков карактер, токму на територијата на најгусто населената скопска општина.

Проектот е поддржан од програмата Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе