Започна имплементирањето на едукативниот проект “Чисти и здрави“ во детската градинка Фидани во Чаир

27

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу заедно со Амбасадорот на Швајцарија г-ѓа Сибил Сутер Тејада, Министерката за Социјална Работа и Социјална Политика г-ѓа Мила Царовска и директорката на детската градинка “Фидани“ г-ѓа Гзиме Бакиу го одбележаа почетокот на имплементацијата на едукативниот проект “Чисти и здрави“ кој ќе се примени од страна на Друштвото за Регионален Развој “Балкан Економик Форум“, “Civica Mobilitas” и “Пакомак“.

Навиките за чиста природа највеќе се стекнуваат на рана возраст, затоа реализацијата на овие проекти е многу важна и неопходна за здрава иднина на овие мали деца кои ги имаме околу нас и за подигнувањето на јавната свест.

“Креативниот начин на пренесување на знаењата за чистата животна средина преку илустрирани книги, едукативни видео материјали и забавни апликации несомнено и недостасувале на едукативната методологија која се аплицира во детските градинки. Сега полесно и со поголема ефикасност, негувателките и посебно родителите ќе можат да придонесат децата да ја сакаат природата и да го поттикнуваат нивното примерно однесување” – изјави Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе