Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со претседателот на Фудбалската Федерација на Северна Македонија Мухамед Сејдини и поранешниот градоначалник на Општина Чаир Изет Меџити извршија денес надзор над текот на работниот процес за изградбата на новата трибина на стадионот на Ф.К. Шкупи.

Тие останаа задоволни од фазата до која имаа стигнато работите и побараа од изведувачот континуитет во работниот процес со висок интензитет и квалитет.