По инсистирањето на Општина Чаир, надлежната институција за уредување на подземната инфраструктура – Јавното Претпријатие “Водовод и Канализација“ го започна работниот процес за уредување нa водоводната и канализационата мрежа на улица “Дижонска“ бр. 7.

По реализацијата на овој вид на работи, Општина Чаир ќе ја изврши нејзината обврска за целосно асфалтирање на оваа улица и работниот процес ќе продолжи и во другите улици на населба Дижонска каде е потребно извршување на ваков вид на инфраструктурна интервенциja.