Првото бебе родено во Чаир во 2023 година е девојче, тешко 3560 гр. а е роденo во 03:20 по полноќ.
Заменик-градоначалничката на општина Чаир, Сермине Пурини денеска престојуваше во Гинекологијата на Чаир каде што се роди бебето и заедно со медицинскиот персонал ги посети новороденчето и мајката Таибе Бислими Ибраими.По овој повод општината Чаир на бебето му подари симболична сума од 15.000 денари.