За иницијативата и дадениот придонес во работната група за изработка на законските одредби кои им даваат поголемо значење на часовите по физичко образование во Законот за Основно Образование, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и министерот за образование и наука Арбер Адеми примија плакета од раководството на Факултетот за Физичко Образование.

Во служба на физичката благосостојба на учениците во основните училишта овозможија часовите по физичко образование од прво до петто одделение, покрај класниот наставник да ги организира и професионален кадар од областа на физичкото образование.