Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу заедно со првиот градоначалник на Старо Скопје и пратеникот во Собранието на Северна Македонија, Изет Меџити, престојуваат во Тел Авив и Ерусалим, Израел, каде што се одржува меѓународната конференција MUNIWORLD.
“На овој настан, каде што се присутни градоначалниците на општини од целиот свет, како и претседателот на Израел Исак Херцог, со кого имавме и директна средба, развојот на општините e главната тема, односно унапредувањето на иновациите во општините, ИТ технологијата, образованието, оддржливата енергија, урбаниот развој, но и благосостојба на нашите жители. Конференцијата MUNIWORLD од присутните беше оценета како место каде што се сите актери кои го ставаат квалитетот на животот на граѓаните како врвен приоритет. Во рамките на овој меѓународен настан, се сретнавме и со градоначалникот на Ерусалим, Моше Леон”, рече Ганиу.