По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, престојуваше во ОУ на Чаир, „Адем Јашари“, каде во соработка со нашата општина се одржа работилница на која се разговараше за важноста на што поголема грижа за децата со попреченост. Додека се одвиваше дискусијата со родителите, вработените во училиштето и директорката Фиторе Ќерези, децата беа вклучени во различни културни активности кои беа подготвени заедно со социјалните асистенти.
-Во оваа прилика истакнав дека ние како општина Чаир даваме големо значење на благосостојбата на лицата со посебни потреби, додека кога зборуваме за училиштата во сите наши институции, образовниот процес е сеопфатен, рече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.