Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу денеска беше домаќин на муфтијата на Скопското муфтиство, др. Ќенан еф. Исмаили и неговиот соработник Јетмир Јакупи.
-Соработката меѓу општина Чаир и Скопското муфтиство беше во фокусот на денешната средба, при што се обврзавме дека ќе имаме уште посилна координација меѓу нашите две институции во спроведувањето на активностите кои би биле во служба на нашите граѓани. Муфтијата ми честиташе и за мојот реизбор за градоначалник на Чаир, изјави Ганиу.