Јанина Дардишта пред неколку дена беше прогласена за државен шампион во карате, односно во категоријата кадетски кумите за жени +54 кг и денеска градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу беше домаќин на оваа млада шампионка.
“Со Јанина како и тренерот Муарем Имери од Карате клубот Форца, чиј дел е шампионката, разговаравме за важноста на поддршката што спортистите треба да ја имаат во секое време. Исто така, се согласивме дека овие достигнувања слични на Јанина се одличен пример за помладите генерации”, изјави Ганиу.
Инаку, Јанина Дардишта ќе биде претставничка на Република Северна Македонија на Европското првенство во карате што во јуни годинава ќе се одржи во Чешка.