Шампионите на карате клубот „Форца“ заедно со нивниот тренер Муарем Имери денеска ги пречека во општина Чаир, Градоначалникот Висар Ганиу за да им честита за големиот успех што го постигнаа во Купот на Северна Македонија за јуниори кадети и U 21, од каде овој клуб грабна 11 медали. При тоа каратистката
Мируше Речи го доби правото за учество на Светското првенство што ќе се одржи во Коња, Турција, додека останатите медалисти добија право за настап на Балканското првенство што ќе се одржи во Црна Гора.
-Им честитав на овие шампиони, изразувајќи гордост што не претставуваат со голем успех и величественост на различни натпревари, изјавил градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.