Чаирчанките испиша историја за клубот, се наоѓаат помеѓу најдобрите тимови во Европскиот куп.

Со денешната победа, Женскиот ракометен клуб од Чаир постигна историско постигнување со кое се гордееме сите ние.

Шампионките од Чаир се соочија со ЖРК „Истогу“ од Косово, кои ги совладеа на втората утакмица во рамки на “European Cup”, со што обезбедија пласман во најдобрите 16 екипи учесници во овој куп.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, им честиташе на ракометарките, раководството и тренерот на клубот, како и навивачите, посакувајќи им натамошни успеси во нивниот пат во Европскиот куп.