Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу денеска го прими на средба вршителот на должноста на Амбасадата на Република Косово во Северна Македонија, г-дин Приндон Садриу.
На оваа средба на која присуствуваше и потпретседателката на Општина Чаир г-ѓа Сермине Пурини и министерот советник и заменик-шеф на мисијата на Амбасадата на Косово во Северна Македонија, г. Влорат Гаши, посебен акцент беше ставен на продлабочувањето на институционалната соработка на општина Чаир со единиците на локалната самоуправа на Република Косово.
-Ги информирав гостите дека нашата институција веќе има воспоставено одлични односи за соработка со косовските општини, реализиравме збратимувања, додека сме во постојана координација и започнавме со реализација на неколку заеднички проекти со меѓународни фондови. Укажав и дека негувањето и одржувањето на духот на соработка меѓу локалните институции на двете земји е она што може да доведе до благосостојба, унапредување и размена на меѓусебни искуства и со тоа државните односи ќе се подигнат на повисоко ниво. Заедно со гостите ценевме дека средбата беше многу ветувачка и голем чекор напред во отворањето можности да се биде во најдобра можна услуга на граѓаните од двете страни, изјави Ганиу.