Информирање на граѓаните и засегнатите страни за проект кој предвидува реконструкција/адаптација на Дневен Центар за стари лица и ставање на увид на документот од јавен интерес – „Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА)” во Општина Чаир , во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ)
ИЗВЕСТУВАЊЕ
ППСУ Известување Чаир – Превземи
SSIP ESMP Checklist CAIR MK verzija 26.11.2020 com spa 1 – Превземи
Со цел развој на социјалните услуги на локално ниво Министерството за труд и социјална политика, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги – ППСУ поддржан од Светска Банка, објави јавен повик за аплицирање на проекти од страна на локалните самоуправи и доделување на грантови за таа намена. Општина Чаир аплицираше со проект за Дневен Центар за стари лица.
Согласно Оперативниот прирачник за администрирање на грантови за развој на социјални услуги како и Планот за вклучување на засегнати страни и Рамката за управување со животна средина и социјални прашања, а со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни за планираните активности за реконструкција/адаптација на просторот изработен е документ од јавен интерес „Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА) која содржи анализа на влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализација на проектот.
Документот се става на јавен увид на веб страните на:Министерството за труд и социјална политика (https://www.mtsp.gov.mk/proekt-za-podobruvanje-na-socijalnite-uslugi.nspx) и на Општина Чаир (https://www.chair.gov.mk/).
Забелешки или прашања за проектот може да се доставуваат во рок од 14 дена од објавување на Известувањето, на следниот линк https://ssip.mtsp.gov.mk/ApplyRequest.aspx или до лицето Нико Делевски на e-mail: niko@cair.gov.mk
Министерството за труд и социјална политика
15.12.2020